Крап со кромид

1. Крапот се чисти убаво, се мие, се засечува на горниот дел и во засечените длабнатини се става исчистен лук.
2. На сечканиот кромид му се става масло, малку вода, се посолува и почнува да се пржи, се додава пиперката, доматот, се зачинува со мешан сув зачин, црн пипер, се става оризот и се пржи на тивко мешајќи.
3. На крајот од ова запржување кое се прави колку да омекне зеленчукот, се става црвен пипер пржејќи го кратко, па се додава вода колку да биде течна смесата од зеленчуци и ориз, и сето ова внимателно се префрла во тава или плех од шпоретот.
4. На средината се става спремниот крап кој одозгора се полева со 2-3 лажици масло и сето се става во загреана рерна на 250 степени, а штом ќе почне да крчка, се намалува на 200 степени и се пече околу 1 час или повеќе зависно кога крапот ќе биде веќе испечен, сето тоа зависи од рерната.

 

Испечен, крапот се декорира со зеленчук и со лимон и се јаде.


Состојки
1 крап
10 главици кромид (ситно издробен)
1 зелена пиперка (ситно сечкана)
2 домати (излупени, ситно исечкани)
1 мал филџан ориз
1 лажица мешан сув зачин
1 лажичка црвен пипер
по потреба сол, масло, црн пипер
по потреба лук, лимон
2-3 ливчиња ловоров лист (по желба)

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза