ОДБОЈКАРИТЕ „ШАМПИОНИ“ ОД ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Градоначалникот Герасим Конзулов денес оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Крсте П. Мисирков“ кој станаа „Државни шампиони“.

Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место од одржаното државно првенство во Одбојка, каде што нашите ученици од пласираните четири екипи во финалето кое беше одржано во Пробиштип успеаа да направат голем успех и станаа „Државни шампиони во одбојка“ за основни училишта.

Проверете !

Градоначалникот Конзулов истакна дека општина Радовиш секогаш ќе ги поддржува овие најмлади категории на спортисти кои придонесуваат за афирмација на општината и се поттик за другите ученици да постигнуваат успеси.

Од страна на Градоначалникот Конзулов на учениците им беше доделен по еден скромен подарок-дуксер.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза