Подареш е село во Општина Радовиш во околината на градот Радовиш.
Овде работи ООУ „Коста Рацин“ – Основно училиште со подрачни училишта во Јаргулица и Покрајчево. Во село Подареш исто така активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Готен„ кој се натпреварува во „Општинската фудбалска лига “, и Фолклорниот ансамбл „ФА Подарешани“.
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Подереш има 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.527 жители и претставува голема населба со стабилна демографска положба. До средината на 50-тите години, околу 20 % од населението биле Турци, кои започнале да се иселуваат во Турција.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.051 |
1953 | 902 | — | 239 | — | 32 | 3 | — | 2 | 1.178 |
1961 | 1.179 | — | 67 | — | — | 7 | — | 10 | 1.263 |
1971 | 1.344 | — | 12 | — | — | 1 | — | 2 | 1.359 |
1981 | 1.463 | — | 13 | — | — | 2 | — | 2 | 1.480 |
1991 | 1.438 | — | 17 | — | — | 1 | — | 1 | 1.457 |
1994 | 1.401 | — | 11 | — | — | — | — | 1 | 1.413 |
2002 | 1.515 | — | 11 | — | — | 1 | — | — | 1.527 |
Грб на поранешна Општина Подареш
Личности од Подареш
- Васил Спасов, македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
- Васил Стојанов Христов (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
- Иван Месаров (1858 – 1913), македонски револуционер, војвода на ВМОРО
- Мане Наков (1892 – ?), македоно-одрински ополченец, 3 рота на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
- Ставруш Месаров, македонски револуционер, војвода на ВМРО;
- Стојан Стојков (р. 1941) – македонски композитор и професор;
- Јордан Митев (р. 13 август 1986) – македонски пејач;