ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ПО ПОВОД 21 МАРТ – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Вчера беше реализирана еколошка акција -расчистување на диви депонии низ општината, а по повод 21 март денот на пролетта, акцијата беше организирана од локалната самоуправа и градоначалникот Конзулов а во соработка со ЈП Плаваја.

Се чистеше на повеќе локации и тоа: Булеварот – индустриски дел, Раклиш – подрачно училиште и локален пат кон с. Калаузлија, кон депонијата во Радовиш, и патот кон планината Плачковица.

Погледнете!

Воедно, целосно беа исчистени отпадите во четири групи на следните локации: Кеј 8 Септември – од двете страни, од ул Гоце Делчев (детско игралиште – Липа) до крај на ул. 22 Октомври (Кам Маркет), од ул. Св. Спасо Радовишки од влезот на ЈП Плаваја до крај, и бул. Александар Македонски од двете страни и ул. Плачковица од почеток до крај.

 

Општина Радовиш

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза