Штурово -село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители, со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.
Селото се наоѓа на јужните падини на планината Плачковица. Во XIX век, селото Штурово било турско село во Радовишката каза на Отоманското царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.
До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување.
Според пописот од 2002 година во селото Штурово, живееле 11 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
Население | 60 | — | 227 | 257 | 80 | 102 | 52 | 35 | 24 | 11 |
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење