Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.
Семејната традиција на подготвување к’цана афионска сол во фамилите од Радовишко се практикува од колено на колено, неколку векови наназад.
К’цаната афионска сол е всушност готварска тајна на радовишани !
Начин на подготовка
Прво афионот се потпечува во рерна на 100 степени околку 30 минути, се промешува на секои 5-8 минути за да не прегори (Афионот кој е прегорен не се користи).
Потоа тргнете го од рерната, и оставете да се излади на собна температура. (Загревањето помага подобро и побрзо да се ослободат масите со семките).
Потоа во дибек (или аван) истолчете (иск’цајте) го убаво, повремено додавајќи сол по вкус.
Доколку правилно го направите овој рецепт, ќе се изненадите од неговиот пријатен вкус. Почнете да јадете и едноставно нема да можете да престанете.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови