Радовишки марифети: ТУРЛИ ТАВА

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


ТУРЛИ ТАВА

Потребни се: 300 гр. чисто телешко месо, 300 гр. свинско месо, 300 гр. јагнешко, На почетокот се додава исецкан зеленчук и тоа: 3 главици кромид, 3 моркова, 3-4 пиперки, 300 гр. грашок, 300 гр. боранија, 1 модар патлиџан, 1 главица лук, 250 гр. бамји, 300 гр. Компир и на крај целата смеса се покрива со околу 400 гр. рендани домати.

Се зачинува со вегета, црн пипер, 1 лаж. црвен пипер и магданос. Потоа, се залива со врела вода и се пече во загреана фурна на 220ºC, а после на 200ºС околу 1 час. и 30 мин. и на крај на 150º С околу 10 мин.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза