РК РАДОВИШ ИЗВОЈУВА ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА ПРОТИВ РК ПРОЛЕТ

РК РАДОВИШ ВО ЕДНА ТРИЛЕР ЗАВРШНИЦА ГО СОВЛАДА ФАВОРИЗИРАНИОТ РК ПРОЛЕТ ОД СКОПЈЕ

Во дерби натпреварот од 16 коло во Супер ракометната лига на Македонија вечерва во СРЦ „25 мај“ во Радовиш во една трилер завршница РК Радовиш успеа и ја совлада екипата на РК Пролет од Скопје со резултат 27:26, полувреме (15:11).

Во текот на целиот натпревар нашите ракометари ја имаа предноста со што покажа и резултатот на полувремет од четири гола разлика. На почетокот од вториот дел после неколку грешки РК Пролет се врати во игра и парираше до крајот на натпреварот, но на сцена настапи нашиот голман кој успеа да го одбрани седмерецот на гостите во последната минута.

Најефикасен играч на натпреварот беше Ивица Илиев со девет постигнати погодоци.


Понуда која не се пропушта !


РК РАДОВИШ – РК ПРОЛЕТ 27:26 (15:11)

Сала: СРЦ „25 Мај“ Радовиш. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ФОТО ГАЛЕРИЈА


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза