РУЗМАРИН -здрава билка во вашиот дом

Рузмарин (Rosmarinus officinalis) е ароматично растение кое се сретнува на Медитеранот, во САД и Мексико. Рузмаринот е совршено растение кое треба да го имате во градината. Рузмаринот е една од билките познати по изобилството на хранливи фито-материи, антиоксиданси и есенцијални киселини.

Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.

Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.

 

Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.

Рузмаринот често се користи за маринирање на месо и има добра причина за тоа. Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.

Лисјата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје.

Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.

Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А. Витаминот А има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина.

Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства.

Билката е одличен извор на железо. Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



 



 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза