Според податоците на Државниот завод за статистика, регионите каде бројот на млади мајки е во најголем број за 2016 година се општините Радовиш, Карбинци и Врапчиште. Исто така, бројот на девојки што го прекинале школувањето поради рано склопување брак е голем. Според истражувачите, причина за тоа е фактот дека правата на жените во некои зони е се уште табу тема.
Погледнете!
Министерот за здравство, истакна дека добрата соработка на невладините организации и државата ќе помогне во надминувањето на оваа ситуација. Голем проблем е и недостигот на гинеколози. Според Фондот за здравство, бројот на матични гинеколози во земјава е 144, а недостигаат уште 150.
Проектот „Жените во руралните региони – со повеќе пречки отколку можности“ финансиран од Амбасадата на Велика Британија, има за цел да ја претстави позицијата на жените во образованието, здравствената заштита, малолетните бракови и социјалната заштита.
Извор: alsat-m.tv