Според резултатите од неодамнешната студија спроведена од италијанскиот Институт Neuromed, тестенината, покрај тоа што ве прави потенки, исто така го намалува индексот на телесна маса (BMI).
Студијата вклучила 23.000 Италијанци и Италијанки на возраст од 18 години и ги следела нивните навики во исхраната. Врската помеѓу честата консумација на тестенини и прекумерната тежина не е пронајдена. Наместо тоа, научниците дошле до заклучок дека луѓето што јадат често тестенини, имаат понизок индекс на телесна маса, помала половина и колкови од оние кои ретко јадат тестенини.
Сепак, според италијанските студии, Италијаните кои сакаат да јадат тестенина и често ја консумираат, тие повеќе се насочени кон медитеранската исхрана. Имено, тие се потпираат на добрите масти, како маслиновото масло и јадат многу зеленчук и производи од цели зрна. Факт е дека Италијаните претпочитаат тестенини како предјадење, што значи дека нејзината консумација е ограничена на помали количини. Како главни оброци, тие избираат полесни намирници, а оброкот го завршуваат со салата.
На крајот на краиштата, најважно е да се држиме до основните и единствените правила – консумирај сè, но по малку и во умерена количина. Не се откажувајте од шпагети, ригатони или макарони, но внимавајте да ја консумирате и останатата лесна и разновидна храна.
Прекрасни макарони со многу зеленчук
Потребни состојки:
- 450 г вртени макарони
- 1 црвена пиперка
- 150 г брокула
- 150 г свежи шампињони
- 5 чешниња лук
- микс од зачини
- сол
- црн пипер
- 25 г пармезан
- маслиново масло
Начин на подготовка:
1. Сварете ги макароните.
2. Во меѓувреме, измијте ја и исечкајте ја пиперката.
3. Исечете ја брокулата на мали цветови. Оставете ги цветовите во солена топла вода 5 минути, па тоа извадете ги и оставете ги врз крпа да се исцедат.
4. Измијте ги печурките во сад со ладна вода. Извадете ги од водата и нив оставете ги да се исушат. Потоа исечете ги на ситни парчиња.
5. Исечкајте го лукот на тенки парчиња.
6. Загрејте тавче на средна топлина. Во него додадете маслиново масло и лукот. Пржете додека лукот не омекне.
7. Пред лукот да стане кафеав, додадете ги печурките. Пржете ги печурките додека не добијат кафена боја и додека не се подисушат.
8. Потоа додадете ја пиперката и ставете сол по вкус.
9. На крај додадете ја брокулата. Не пржете ја премногу.
10. Потоа додадете ги сите зачини.
11. Тргнете го тавчето од оган и претурете го пржениот зеленчук во еден сад.
12. Во истиот сад ставете ги макароните, додадете малку маслиново масло и убаво измешајте ги.
13. Потоа истурете поголемо количество пармезан и измешајте повторно.
14. Сервирајте ги топли или ладни, со пармезан одозгора.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови