По повод меѓународниот ден на шегата 1-ви Април на 02.04.2018 год. (Понеделник) со почеток во 10:15 ч., на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ ќе биде организиран традиционалниот детски маскенбал „Априлијада 2018“ под мотото „РАДОВИШ СЕ СМЕЕ“.
Проверете !
И оваа година организатор е општина Радовиш и ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ во соработка со воспитно-образовните установи од општина Радовиш,
Повелете и уживајте во мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат.