ШТАФЕЛ -неодолив и вкусен

Повеќегодишниот плевел Штафел (лат. Rumex obtusifolis) претставува скапоцено  растение.

Повеќегодишно растение високо 120 cm. Има долг силен и вретенест корен. Стеблото е исправено, жлездесто, понекогаш со црвена нијанса. Листовите се големи и долги при дното на стеблото имаат подолга петелка. Цвета од јуни до август. Цветовите се со темноцрвена боја. Собрани се во гроздести етажни соцветија. Едно растение дава 7. 000 семки.

Препознатливо е по многу долгите и големи лисотви, кои се наоѓаат на дното од растението. Цветови со зеленикава и црвеникаво-кафеава боја го красат се до септември, наредени во класје на стебленцето, кое може да израсне и до еден метар во височина. Тие имаат специфичен мирис и горчлив вкус. Плевелот или штавелот (попознат и како коњски штавел) успева на влажни места, како што се влажни ливади, стрништа и шуми, а најчесто може да се најде на места каде растат коприви. За потребите за лекување се берат зелени листовите, додека сјајните кафеави плодови непосредно пред самото созревање. Набраните плодови потоа се сушат под сенка. Зрелото семе лесно се разнесува со ветрот и веќе следната пролет никнат на некое друго место.

 Коренот, пак, од плевел делува како лаксатив, додека семето има спротивно дејство и може да доведе до запек. Во традиционалната медицина ова растение се користи во терапијата на разни кожни болести.

Ако се внесе во големи количини, плевелот може да доведе до слабост на организмот, повраќање, па дури и смрт.

Плевелот може да послужи и за бојадисување на ткаенини. Познавачите на традивионалното боење од коренот на ова растение можат да добијат жолта, темно зелена и кафеава нијанса, но и сива, а при тоа да не користат никакви фиксатори.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза