ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ЗА „БОРОВ ДОЛ“

Во понеделник 19.03.2018 година од 11,00 часот во просториите на општина Радовиш ќе биде организирана јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1- Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче.

Површината на планскиот опфат на Државната урбанистичка планска документација изнесува 472,38 ха и истиот се наоѓа во ридско-планински терен со надморски висини кои се движат од 450-730м, североисточно од село Дамјан на оддалеченост од околу 700м, на југоисток од селото Горна Враштица на оддалеченост од околу 300м, на југ од езерото Мантово на оддалеченост од 450м и на запад од селото Брест на оддалеченост од 200м.

Во споменатиот рок, заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планската документација можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма Јавната презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 15-03- 2018 година (четврток) во 11,00 часот во просториите на општина Конче, на ден 16-03- 2018 година (петок) во 11,00 часот во просториите на општина Штип и на ден 19-03- 2018 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите на општина Радовиш.

Извор: Општина Радовиш

Проверете !

About the author /


Related Articles

Временска прогноза