РАДОВИШКИТЕ ВОЗАЧИ ОСТАНАА БЕЗ СВОИТЕ АКУМУЛАТОРИ

Крадци од Радовиш украле 14 акумулатори од камиони и трактори

Секторот за внатрешни работи Струмица до ОЈО Радовиш поднесе кривични пријави против четворица радовишани поради сомневање дека сториле тешка кражба.

Во периодот од 26. минатиот месец до 18. март осомничените Џ.Д, С.А, У.У, и М.Ј од шест товарни возила, кои биле паркирани на паркинг плацеви во Радовиш и од два трактора украле 14 акумулатори.

 

Според полицијата, со извршување на кривичните дела прибавена е противправна имотна корист од 169.000 денари.

Related Articles

Временска прогноза