Радовишки марифети: БОДЕН ДЕДО

Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.


БОДЕН ДЕДО

Подготовка:

Се замесува тесто од 1кг. брашно, 0,5л топла вода, 1 квасец, 2лаж.сол, малку шеќер, да надојде тестото, па се расукуват 4-5 кори колку што е тепсијата бр 32. Помеѓу корите се става дробено сирење, или урда, на последната ништо не се става.

Потоа, пак кисне и пред да се испече, се сече на коцки.

Од кога ќе се испече, се полива со 200 мл вода зовриена со малку зејтин и 1 мала лажица сол и пак се враќа во загреаната фурната која е исклучена.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

Related Articles

Временска прогноза