ДЕБАТА „КОН РОДОВО ИНКЛУЗИВЕН БУЏЕТ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ“

Дебата на тема „Кон родово инклузивен буџет во Општина Радовиш“ на 22.03.2018, во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 17:30 часот.

Основната цел на средбата е претставување на наодите, искуствата и препораките од мониторингот на процесот на подготовка на програмите и буџетот за 2018 на Општина Радовиш во однос на пристапот до услуги од сферата на економски развој/Економско зајакнување на жени.

Погледнете!

Поедничените наоди и препораки од следењето ќе бидат појдовна основа за дебата со локалните чинители, вклучувајќи ги и жените од заедниците, за начините на кои можат да се унапредат процесите на планирање и донесување одлуки со општинските власти да бидат транспарентни, инклузивни и отчетни кон жените од локалната заедница.
Специфичната цел на мониторингот е да се идентификува дали и на кој начин општина Радовиш ги третира потребите на жените од локалната заедница, односно предмет на следење беа активностите/мерките и ресурсите на ЕЛС во однос на пристапот до економските можности на жените како приоритетен проблем идентификувани од самите жени, а чие решавање спаѓа во директна надлежност на ЕЛС. 


Оваа средба е дел од активностите проектот на Акција Здруженска „Застапување на родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.

 

Женска акција

 

 


Related Articles

Временска прогноза