РК РАДОВИШ СО ПОБЕДА ПРОТИВ СТРУГА И ПОРАЗ ОД ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

На турнирот од Група 2 во битката за пехарот во националниот куп РК Радовиш половично со победа и пораз.

Ракометарите на РК Радовиш немаа проблеми против прволигашот Струга и прославија победа со 27-32 во второто полуфинале од четвртфиналната група 2, која се играше во салата „Младост“ во Битола.

Во финалето РК Радовиш играше со РК Еурофрм Работник каде што претрпе минимален пораз со резултат 28:25.

Битолчани на свој терен во групата ги победија најпрво ракометарите на Прилеп со 36:21, а потоа беа подобри и од РК Радовиш.

Противниците на Еурофарм Работник ќе бидат познати по завршувањето на двата турнири во Скопје, а завршниот турнир за трофејот во купот ќе се игра на 19. и 20. мај.

Група 2, Битола
Прилеп – Еурофарм Работник, 21-36
Струга – Радовиш, 27-32
Еурофарм Работник – Радовиш, 28:25  (финале)

About the author /


Related Articles

Временска прогноза