Радовиш, како град со мултикултурно живеење, има голем потенцијал да привлече внимание со својата традиционална кујна. Мирисот на лебот, баклавите и сомуните испечени во фурна на жар, специфичната афионова сол, маџуните и ашурето се само дел од „марифетите“ што ја прават посебна радовишката кујна.
Квачка
Подготовка:
На почетокот се зема 1,5 кг. кромид, се лупи, се дроби и се запржува на зејтин за да омекне, потоа му се додаваат 1 лажица црвен пипер, сол, вегета, црн пипер и се залива со врела вода.
Потоа се потпечува малку во фурна, и на крајот со лажица се прават места – кругови во коишто се кршат јајца – за секој член од семејството по едно и пак се потпечува.