Во 23 коло од Втората лига (Исток) вчера на градскиот стадион во Радовиш беше одигран натпреварот помеќу ФК Плачковица и ФК Осогово од Кочани.
Со еден ладен „туш“ за фаворизираната екипа пред почетокот на овој натпревар ФК Осогово се врати дома во Кочани. Најпрвин нашите фудбалери поведоа со 2-0, со една мала грешка им дозволија на гостите да постигнат еден гол, но до крајот на натпреварот фудбалерите на ФК Плачковица беа супериорни испраќајки го гостинот без потребните бодови кој ги очекуваше во овој натпревар.
Инаку со овој натпревар нашиот клуб покажа дека е поквалитетна екипа и местото му е во втората фудблска лига, не дозволувајки му на должникот ФК осогово да приреди никакво изненадување во Радовиш.
ФК Осогово е на прагот на линијата кој води во третата фудбалска лига, со вчерашниот резултат ФК Саса потврди дека нема да му дозволи на кочанскиот тим да им ги замати сметките во опстанокот.
РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО:
БОРЕЦ – КОЖУФ 2:0
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 5:0
ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО 3:2
КАМЕНИЦА САСА – ПОБЕДА В. 3:0
СЛОБОДНА: БЕЛАСИЦА
ТАБЕЛА:
1. БЕЛАСИЦА 52
2. БОРЕЦ 44
3. БРЕГАЛНЦА 43
4. КОЖУФ 34
5. ТИКВЕШ 31
6. ПЛАЧКОВИЦА 27
7. КАМЕНИЦА С. 22
8. ОСОГОВО 16
9. ПОБЕДА В. 10