ФК ПЛАЧКОВИЦА ОДИГРА НЕРЕШЕНО СО ФК САСА

ФК Плачковица во денешниот натпревар на Градскиот стадион во Радовиш кој се играше во рамките од 21. коло од Втората лига Исток, одигра нерешено со ФК Саса од Македонска Каменица. Во текот на целиот натпревар играта на двата тима беше изедначена со многу нереализирани шанси каде што на полувреме се отиде со резултат 0-0. 

На почетокот на второто полувреме нашиот тим поведоа со 1-0, но за кратко каде што гостите изедначија на 1-1. Потоа следуваше уште еден гол на ФК Саса и ФК Плачковица, со што конечниот резултат беше 2-2.

Денес се случи еден немил настан каде што во еден воздушен дуел на фудбалер на ФК Плачковица и гостинскиот голман дојде до повреда на нашиот играч, но благодарение на главниот судија на овој меч Јосип Бартон кој беше најблизу до него, и присебно интервенираше кон нашиот фудбалер кој подоцна е пренесен во болница и утврдено е дека нема посериозни повреди, исклучиво благодарение на судијата Бартон. 

Голема благодарност до него како колектив упатуваат од ФК Плачковица

 


Резултати:

БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО 5:0

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА В. 7:2

ПЛАЧКОВИЦА – КАМЕНИЦА С. 2:2

КОЖУФ Г. – ТИКВЕШ 1:1

 

Табела:

  1. БЕЛАСИЦА 49
  2. БРЕГАЛНИЦА 40
  3. БОРЕЦ 38
  4. КОЖУФ 31
  5. ТИКВЕШ 31
  6. ПЛАЧКОВИЦА 24
  7. КАМЕНИЦА С. 19
  8. ОСОГОВ 13
  9. ПОБЕДА В. 10

About the author /


Related Articles

Временска прогноза