На ден 13.04.2018 година Црвен крст на Република Македонија -Општинска организација Радовиш, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот 2018година, организираше хуманитарен концерт.
Средствата од овој хуманитерен настан беа наменети за семејство од с.Бучим.
ОО Црвен крст Радовиш им се заблагодарува на Центарот за култура „Ацо Караманов“, студио за модерен балет „Газели“ и Основно музичко образование ООУ„Никола Карев“ за соработката и големата подршката на овој хуманитарен настан.
Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности е национална програма која се имплементира во секоја општина во Република Македонија. Целта на програмата е да регрутира нови волонтери во редовите на Општинските организации, да ја смени дневната рутина на младите, да ја промовира интеркултурата и активниот пристап кон животот. На годишно ниво се обучуваат околу 1000 младинци кои имаат за цел да изработат проекти наменети за некоја загрозена целна група. Во 2017 година преку ЦКА-ПХВ програмата на национално ниво беа обучени 1157 младинци кои изработија вкупно 173 мали проекти, и вложија 32 490 волонтерски часа.