ОДБОЈКАРИТЕ НА ООУ “КОСТА РАЦИН“ ОД ПОДАРЕШ СО ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО

Повторно голема победа на одбојкарите од ООУ„Коста Рацин“ Подареш.

Имено, во салата на ООУ “Св. Климент Охридски” во Битола, се одржа вториот турнир во Државната лига за одбојка, за основни училишта во машка конкуренција, каде што нашите одбојкари под раководство на наставникот по физичко образование Симеон Џеков, извојувајќи победа се пласираа во финале.

Финалниот натпревар ќе се одржи во Радовиш на 20.04.2018 кога нашите ученици ќе ги измерат силите со екипата од Битола. 

Честитки за одличните резултати за нашите одбојкари

Related Articles

Временска прогноза