ОПШТИНСКИ РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР 2018

По 9-ти пат Риболовниот клуб Крап од Радовиш го организираше традиционалниот Општински натпревар во спортски риболов во дисциплината Пливка, кој се одржа на езерото Мантово.

На овој натпревар учествуваа 22 натпреварувачи од општините Радовиш и Конче кој се натпреваруваа три часа поединечно со бодување на секаков вид на уловена риба.

Признанијата беа обезбедени од страна на организаторот Сррк Крап-Радовиш, и од Општина Радовиш каде што овој традиционален натпревар во спортски риболов е во Програмата за „Провомајските натпревари 2018“.
Секој учесник доби мајица со лого на Риболовниот Клуб Крап.

Признанија и благодарници беа доделени на највозрасниот натпреварувач Стојмен Трајчов, најмладиот учесник Горјан Коцев, а за најголема уловена риба беше доделено признание на Мичо Панев.

Победници:
1-во место – Никола Кршков со улов 1.840 гр.
2-ро место – Васе Здравков со улов 1.780 гр.
3-то место – Драган Атанасовски со улов 1.580 гр.

Благодарност до сите учесници кои денес беа дел од овој натпревар како и помагателите кој несебично секогаш го поддржуваат спортскиот риболов.

Покровител на овој натпревар е Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов. Помагатели кој секогаш се со риболовниот клуб Крап: Млекара Ѓеоргиеви, Ресторан Шампион и Кожувчанка од Кавадарци.

Related Articles

Временска прогноза