„РАДОВИШ СЕ СМЕЕ“- Традиционален детски маскенбал по повод денот на шегата 1-ви Април

Денес, благодарение на дечињата од ЈОУДГ „Ацо Караманов“ и од Центарот за ран детски развој, како и учениците од општинските основни училишта, Радовиш беше претворен во карневал на детската фантазија.

Погледнете !

Радовиш личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, хавајки, убавиците од дизни, кловнови, волшебници и други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“ под мотото „Радовиш се смее“.

И овојпат, Центарот за култура „Ацо Караманов’’, ЕЛС општина Радовиш и воспитно-образовните установи, преку организираното дефиле и сценски настап на учесниците, им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци, роднини и сл.

Во име на општина Радовиш и Градоначалникот, присутните ги поздрави Секретарот на општина Радовиш, Драги Стојанов. Тој изрази благодарност и упати честитки до сите учесници за нивната креативност.

Од страна на организаторите, беа доделени признанија и подароци, на сите учесници кои беа дел од овогодишната Априлијада.

Related Articles

Временска прогноза