„СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2017“ – НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ, ЕКИПИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ЗА 2017 ГОДИНА

Вчера во Ресторан Шампион беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2017“.

На манифестацијата присуствуваа голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш.

Комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања во текот на изминатата 2017-та година.

Најпрво, беше доделено Признание на Здружението „ЛЕБАРИ ИСТОК“ од Радовиш, за долгогодишна поддршка на спортот во општина Радовиш.

Веднаш потоа беа доделени статуетки за посебни спортски достигнувања на:
МИРКО МАЈИЌ, РК „Радовиш“ – Најдобар странски играч

АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ, БК „Бучим-Радовиш“ – Најдобар натпреварувач од Радовиш во странство

ТРАЈАН АНГЕЛОВ, БК „Бучим-Радовиш“ – Најдобар спортист Ветеран

ЖИВКО АНДОНОВ – Посебно достигнување во училишниот спорт во 2017 год.

ВЕНКО СТОЈАНОВ, ППК „Радовиш“ – Најталентиран спортист во 2017

БЛАГИЦА ЛАЗАРОВА, ТК „АС“ – Најталентирана спортистка во 2017

МАРТИН САРАМАНДОВ, КК „Плачковица-Баскет“- Најнадежен кошаркар во 2017

НЕДА ПОЦКОВА, ЏК „СЕНСЕИ“ – Спортска надеж – помлади пионери

ИЛИЈАНА РИСТОВ, ЏК „СЕНСЕИ“ – Спортска надеж – помлади пионери

ИЛИЈА МАНЕВ – Рекреативец на 2017 година

Плакета за долгогодишен придонес во развојот на спортот во општина Радовиш беше доделена на Г-дин ДИМИТАР ЈОВАНОВ.

Плакети за Спортска екипа на годината беа доделени на:
ФК „ДЕТОНИТ ЈУНИОРИ“ – Категорија Сениори
ВК „БЕЛ КАМЕН БАЈКС“ – Категорија Младинци
УСК „НИКОЛА КАРЕВ“ – Категорија Кадети

За тренер на годината, плакета беше доделена на ЦАНЕ НИКОЛОВ од ФК „ДЕТОНИТ ЈУНИОРИ“

Плакети за Спортист на годината беа доделени на:
МИТЕ АШКИЛОВ – МАИ ТАИ КЛУБ „КОМБАТ“ – категорија Сениори
РАТКО КОСТОВ – ЏУДО КЛУБ „СЕНСЕИ“ – категорија Младинци
ДАВИД СПАСОВ – ВК „БЕЛ КАМЕН БАЈКС“ – категорија Кадети
СТЕФАН ДИМИТРОВ – БК „БУЧИМ – РАДОВИШ“ – категорија Пионери

Погледнете !

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза