АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ШТИП-РАДОВИШ

  Откриени четири нови археолошки локалитети на новиот пат Штип-Радовиш

Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов на вчерашната прес-конференција истакна дека тимот од археолози веќе е на терен и се почнати истражувањата на локалитетите, а низ кој поминува новата траса.

Четирите археолошки локалитетите се од праисторијата до средниот век. Штерјов забележува дека за нив се од големо значење.

– Карактеристични се два локалитетa. Едниот, е од таканaречниот хеленистички период, а другиот, од железнодобскиот период. Токму од нив, очекуваме да дадат артефакти, како одговори на повеќе непознаници од животот на населението од овој регион, како и археолошки придонес во обемната македонска архелошка карта на вредни пронајдоци, вели Штерјов.

 

Архолошките истражувања на трасата на новиот екпсрен пат Штип-Радовиш ќе чинат околу 100.000 евра и ги обезбедува Владата.

Археолозите на терен на овие четири локалитети ќе работат до крајот на август.

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза