Во чест на тројцата загинати бранители кои потекнуваат од нашата општина Готак, Соколов и Крстев, вчера беше одржан Меморијалниот турнир во мал фудбал „Наши вечни херои“.
ОО на МПС Радовиш и општина Радовиш и годинава по втор пат беа организиратори на овој меморијален турнир, а генерален покровител беше Градоначалникот Герасим Конзулов.
Турнирот се одвиваше со одигрување на натпревари на кој учество ќе зедоа 8 екипи, потоа се одиграа полуфиналните и Финалните натпревари.
На крајот беше доделувањето на пехарите и дипломите за екипите кои го освоија прво, второ и трето место, исто така беа доделени благодарници за присутните и помагачите на турнирот и плакети за семејствата на загинатите бранители.
Првото место на овој Меморијален турнир го освои екипата на Галактик кафе, втора беша екипата на Металпромет, а третото место го освои екипата на Маркет Удобс.