ОДРЖАНА 12 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на општина Радовиш ја одржа својата 12 работна седница. На оваа седница се работеше со дневен ред од 94 точки.

Советниците на почетокот имаа можност да поставуваат советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот Герасим Конзулов.

Исто така на оваа седница се разгледоа и голем број на Извештаи и Програми доставени до Советот на општина Радовиш.

Понатаму беа разгледани и Предлог-одлуки за урбанистички плански документации за вклопување на плански опфати на бесправно изградени објекти.

Советот на општина Радовиш ја разгледуваше и Предлог-одлуката за измени и дополнувања на буџетот на општина Радовиш за 2018 година, а на крајот советниците ги разгледаа и увоија и Извештаите на работните тела кои се во склоп на Советот.

 

Извор: Општина Радовиш

Related Articles

Временска прогноза