ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА АГРОБИЗНИСОТ ЗА 30-ТЕ ГРАНТИСТИ ОД ВТОРИОТ ЦИКЛУС

Во изминатиов период во Радовиш и Струмица во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, се одржаа работилници од областа на менаџирањето на агробизнисот за 30-те грантисти, добитници на опрема во вредност од 300.000 денари.

Целта на овие работилници беше грантистите да стекнат знаења од областа на агробизнисот кои ќе им овозможат да прераснат во успешни менаџери и претприемачи, полесно да најдат купувачи и да ги пласираат произведените култури.

Комуникацијата и продажните вештини беа дел од темите со цел на грантистите да им се даде до знаење дека начинот на комуницирање, следењето на говорот на телото, квалитетната услуга и прилагодување на желбите на купувачите се клучни фактори за успех во личната продажба.

Беа претставени и предностите на формите на соработка и здружување на земјоделците преку задруги со цел да ги надминат проблемите со пласманот и да станат посилни на пазарот, да ја подобрат својата преговарачка моќ и да го стандардизираат квалитетот на производите.

На последната работилница беше разработена темата за макетинг вештини и односи со јавноста каде што фармерите се запознаа со тоа како да произведуваат на најефикасен начин, како да го применуваат маркетингот во градинарството и овоштарството, за маркетинг инструментите како и за начинот на изработка на SWOT-анализа.

Исто така фармерите добија и информации за изработка на бизнис план преку кој ќе можат да ги согледаат трошоците за производство, добивката или загубата од продажба на производите и врз основа на тоа да го планираат понатамошното работење.

Преку интерактивност, вежби, дискусија како и преку споделување на личните искуства на фармерите, овие работилници ќе придонесат кон унапредување на продажбата, поголема конкурентност на пазарот и профитабилност.

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза