Конче го реши проблемот со водоснабдување на 500 домаќинства
Општина Конче почна да го решава проблемот со водоснабдување на домаќинствата од општинскиот центар и населеното место Љубница што преставуваше најголем проблем за жителите посебно преку летните месеци.
Направена е нова бушотина со дополнителни пет литри во секунда кои ќе ги задоволи потребите на околу 500 домаќинства за да нема рестрикции во водонсабдувањето.
„Со самата бушотина решаваме голем проблем на снабдување со пивка вода во селото и со оваа вода го решаваме проблемот во село Лубница.“ – изјави Благој Илиев, градоначалник на Конче.
Новата бушотина за вода ја направи Бучим кој наскоро ќе го отовори новиот рударски комплекс Боров дол. На нивен трошок се направи истражувањето и реализацијата на новата бушотина којач чинеше над 600 000 денари.
„Сакаме да помогнеме секаде, а со населенијата се трудиме да имаме најдобри односи. Во оваа ситуација, инвестицијата е добра.“ – изјави Николајчо Николов, Бучим