Екипата на РК Радовиш во вчерашната средба против младите ракометари на РК Металург 2 не успеа да извојува уште една победа, сепак желбата за победа беше преголема на ракометарите на Маталург 2 кој се борат за опстанок во Супер ракометната лига на Македонија.
Целиот натпревар се одвиваше со голем број на акции и голови, а на крајот од првото полувреме домаќините имаа пет гола предност (19-14), водство кои константно го одржуваа до крајот на натпреварот кој заврши со резултат 36-32.
Со оваа победа младите ракометари на Металург 2 направија голем исчекор во борбата за опстанок во македонската Суперлига
Следниот натпревар РК Радовиш го игра во петок (25.05.2018) од 17.00 часот во Срц „25 мај“ ја пречекува екипата на ГРК Борец од Велес.
Вчерашните две средби кои се одиграа го комплетираа 8-то коло на плејаут завршницата од првенството на Македонија. РК Прилеп и РК Вардар Јуниор ги поделија бодовите. Слободен беше тимот на ГРК Борец.
Резултати:
Металург 2 – Радовиш 36:32 (19:14)
Прилеп – Вардар Јуниор 25:25 (14:11)
Слободен: ГРК Борец
Табела:
Бр. | ЕКИПА | НАТ. | ПОБ. | НЕР. | ПОР. | БОД. | |
1. | Радовиш | 15 | 11 | 2 | 2 | 35 | |
2. | Борец | 14 | 7 | 0 | 7 | 21 | |
3. | Металург 2 | 14 | 5 | 2 | 7 | 17 | |
4. | Вардар Јуниор | 14 | 5 | 2 | 7 | 17 | |
5. | Прилеп | 15 | 4 | 2 | 9 | 14 |
.
Следно коло:
РК Вардар Јуниор – РК Металург 2
РК Радовиш – ГРК Борец
Слободен: Прилеп 2010
Фото: РК Металург