РК РАДОВИШ: ИВИЦА ИЛИЕВ И БОЖИДАР СИМИЌ СО НОВ ДОГОВОР

Ивица Илиев и Божидар Симиќ остануваат во РК Радовиш и во следната сезона

Искусниот Ивица Илиев, останува и во следната сезона во екипата на РК Радовиш. Тој важи за еден од најдобрите стрелци во Супер лигата, но и еден од клучните играчи во екипата на Радовиш. Илиев во Радовиш се врати во јануари месец оваа година, претходно настапуваше за ГРК Борец.

Покрај него, Божидар Симиќ, стави потпис на нов договор со РК Радовиш, со што младиот Црногорец ќе го носи дресот на Радовиш и во следната сезона. Божидар во дресот на Радовиш, во оваа сезона забележа одлични игри.

Оваа е одлична вест за сите нас, бидејќи Илиев и Симиќ, ќе бидат носители на играта.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза