СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЈА ОДРЖА ПЕТТАТА СЕДНИЦА

На петтата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, која што се одржа во општина Василево, а со која претседаваше градоначалникот на општина Струмица се дискутираше за повеќе прашања што го засегаат регионот и донесоа повеќе значајни одлуки.

Меѓу нив е и одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, одлука за изработка, аплицирање и имплементација на проект „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“.


На седницата се дискутираше за распишаниот тендер за авионското третирање против возрасни комарци кое ќе се изврши на територијата на сите 10 општини во Југоисточниот плански регион, како и за подготвката на потребните документи за двата проекти за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со партнери од Република Бугарија ќе аплицира за финансирање на Вториот повик за поднесување на проектни предлози преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.

 

Центар за развој на Југоисточниот плански регион

 

Related Articles

Временска прогноза