Инаку, интересно за нив е тоа што потекнуваат од Мексико, а човекот ги консумира веќе 10.000 години. Највкусни се плодовите со должина од околу 15 сантиметри, а богат се извор на бета каротен, витамин Ц, магнезиум и Калиум. Поради големото количество на вода имаат ниска калорична вредност.
Тиквичката е едногодишно растение кои успеваат на нашите простори. Особено во овој период во продавниците и на пазарите може да најдете тиквички со различна големина и достапна цена. За да успеат потребна им е температура над 10 целзиусови степени и често наводнување. Тоа што ја прави поразлична од вообичаените тикви е издолженоста на плодот и светло зелената боја на нежната кора. Таа е многу нежно, но извонредно корисно растение.
Пред ставањето во ладилник нема потреба да се мијат, а во таква состојба можат да останат свежи една седмица. Секое, дури и најмало оштетување, го забрзува драстично процесот на пропаѓање. Доколку сакате да ги замрзнете претходно мора да ги исечете на краевите и да ги бланширате две минути.
Својот епитет на летен зеленчук тиквичката го оправдува со разновидноста на јадења во кои можеме да ја сретнеме, од чорби до брускети, од печени во рерна до подготвени на скара. Секако, тука се и цветовите од тиквички кои во последно време можат да се најдат на пазарите и кои најчесто се подготвуваат похувани.
Што содржи?
- Витамини: А, Б2, Ц, фолна киселна, К;
- Минерали: манган, магнезиум, калиум, фосфор, бакар, железо и цинк;
- 3,3 % јагленохидрати;
- 1% растителни белковини;
- 0,3 % масти;
- 17 калории на 100 грама;
- Големо количество на вода;
- Растителни влакна.
За што се користи?
Овој богат состав на благотворни материи има позитивно влијание врз срцето и крвните садови, покачениот холестерол и триглицериди во крвта, како и кај лицата со дијабетес.
Големото количество на вода ја става во групата на најважни диуретици, која помага за исфрлување на непотребните течности од организмот.
Растителните влакна кои ги има во голема количина, најмногу во кората, ја намалуваат ресорпцијата на масти во организмот, поради што често се применува во диети, а особено е значајна за лица со покачен холестерол и триглицериди во крвта.
Покрај мастите, тиквичката ги регулира и шеќерот, крвниот притисок, ресорпцијата на гликоза; делува превентивно на појавата на атеросклероза и срцев удар.
Начин на употреба
Иако многумина ја конзумираат пржена, тиквичката треба да се конзумира варена, по можност без да се излупи кората. Така ќе ги задржите нејзините благотворни состојки, особено растителните влакна кои најмногу ги има во кората.
Тиквичката не смее да се чува повеќе од 48 часа во фрижидер, бидејќи ги губи своите хранливи вредности.
Сокот од тиквичката се користи како ефикасен лек за превенција и борба со канцерогените заболувања поради присуството на фитонутритиенти.
За оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина и да постигнат добра форма на своето тело, тиквичката е одличен избор.
Ако незнаете што вкусно да подготвите денес, еве еден рецепт од традиционалната кујна што нема да ви одземе премногу време.
Состојки:
- 1-2 млади тиквички
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 100 грама кашкавал
- 1 лажица зачини
- 1 голема лажица црвен пипер
- Малку бибер
- 500 грама мелено месо
- Ситно сечкан лист од магданос
- 1 зелена пиперка
- 2 ситно исечкани компири
Подготовка:
Исчистете ги тиквичките од семки и издлабете ги со лажица како корито. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па додадете сечкана пиперка и мелено месо.
Потоа додадете ситно исечкан лук, сечкан компир, зачин, црвен пипер и црн бибер. На крајот додадете го магдоносот.
Плехот премачкајте го со масло и наредете ги тиквичките што претходно ги исчистивте. Наполнете ги со подготвениот полнеж. Можете да додадете и неколку цели млади компирчиња да се печат заедно со тиквичките.
Плехот затворете го со фолија и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови.
Извадете ги и изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната уште 10 минути за да се стопи кашкав алот и тиквичките да се запечат и да поруменат. Служете со салата!
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови