ТРАЈАНОВ, РИСТОВ И ЈОВАНОВ ОСТАНУВААТ ВЕРНИ НА РК РАДОВИШ

Младите ракометни надежи, Филип Трајанов, Кристијан Ристов и Горан Јованов, ја продолжуваат својата верност со РК Радовиш.

 

Младото крило, Филип Трајанов, стави потпис на две годишен договор со РК Радовиш, па така тој до 2020 година ќе го носи дресот на Радовиш. Кристијан Ристов, и во следните две сезони ќе го носи дресот на РК Радовиш, кој како млад играч се наметна во играта на сениорскиот тим. Младиот Радовишанец, Горан Јованов, останува во нашиот клуб и во нарените две сезони да ги брани боите на РК Радовиш. 

Како клуб сме горди што нашиот град има вакви млади ракометни надежи, но уште погорди сме што токму овие ракометари, се дел од РК Радовиш.

Извор: РК Радовиш

About the author /


Related Articles

Временска прогноза