Во денешениот натпревар од Третата лига (Исток) на Градскиот стадион во Радовиш, на шампионот ФК Детонит, играчите, капитенот и на директор на „Детонит Дооел“ Мирослав Николиќ, официјално од страна на Ѓорги Гоцевски -Претседател на Трета лига (југоисток) му беше доделен пехарот за шампионската титула за сезоната 2017/18.
Овој натпревар денес може да се каже дека беше ревијален за нашиот клуб кој беше супериорен во текот на цела сезона со ниту еден пораз и само два нерешени натпревари, не сметајки го денешниот каде што му дозволија на противникот да се радува на победата.
Исто така од страна на Претседателот на клубот Владимир Чачаров беше доделено признание на играчот Ѓунеј Баров капитенот на ФК Детонит, каде што овој натпревар му беше последен и повеќе нема да игра професионален фудбал.
ФК Детонит оваа сезона покажа дека Радовиш е спортски и фудбалски град, и публиката може да смета на една возбудлива и интересна наредна сезона каде што нашиот град во Втората лига ќе биде претставен со два клуба ФК Плачковица и ФК Детонит.
Честитки за освоената титула од редакцијата на RadovisNews.