ЈАНА ЈОВАНОВА, Лауреат на меѓународен натпревар по пијано во Србија

 „Чудото од дете“ продолжува со нижење на награди од меѓународни натпревари

 

Јана Јованова, во периодот од 3 до 8 мај 2018 учествуваше на „V INTERNATIONAL PIANO COMPETITION“ во Смедерево – Србија. На овој престижен меѓународен натпревар по пијано учествуваа околу 150 млади пијанисти, поделени во категории според возраста, како и неколку композитори за инструментот пијано од повеќе земји од Балканот и Европа.

Меѓународното жири, кое беше составено од врвни педагози и докажани инструменталисти на пијано, одлучи највисоката прва награда ЛАУРЕАТ да и ја додели на Јана Јованова која настапи со 3 композиции од различни автори. Со тоа Јана, единствена во својата категорија, се здоби со својот прв златен медал и пехар, што претставува врвно достигнување за натпреварувања од ваков вид.

Оваа е историски момент и за Општина Радовиш, која иако е позната по многу врвни музички имиња кој произлегле од оваа поднебје, сепак за прв пат во својата историја запишува и ЛАУРЕАТ на еден меѓународен музички натпревар и тоа од девојче кое има само 8 години.

Колку за потсетување, Јана во претходната 2017 година, по само неколку месеци од изучувањето на инструментот пијано, учествуваше на неколку државни и меѓународни натпревари и на сите ги освои ПРВИТЕ награди. Исто така, во почетокот на Јуни 2017 настапи во Милано – Италија на „7 International Piano Competition – PIANO TALENTS“ каде во конкуренција на учесници од цел свет таа ја освои високата 2 награда.

Овие денови Јана е во подготовки за уште еден врвен светски натпревар по пијано кој ќе се одржи од 15 до 20 мај во Венеција – Италија

Јана Јованова е ученичка во ООУ Крсте Петков-Мисирков и во Основното Музичко Училиште во склоп на ООУ Никола Карев и е во класата на проф. Андријана Јанков.

Нејзините неколку учества на меѓународни натпревари засега се делумно помогнати единствено од рудникот Бучим, а таа и нејзиното семејство сеуште ја очекуваат заслужената поддршка и од Општина Радовиш која постојано се споменува на сите нејзини меѓународни настапи и претставувања – велат нејзините родители.

 

 

                 

 

               

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза