ПОСКАПЕА СИТЕ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,00%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг.

Related Articles

Временска прогноза