Утре, 30 мај 2018 година, од 11:00 до 12:30 часот, во Домот на Културата во Радовиш ќе се одржи
настан „Младински разговори“ на тема „Преку заеднички ученички активности до подобра
меѓуетничка интеграција и граѓански вредности кај младите во нивната локална заедница“, во рамки
на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од
страна на Македонски центар за граѓанско образование, во партнерство со Младински образовен
форум.
На настанот ќе учествуваат околу 80 ученици и наставници од основните и средните училишта
вклучени во првата фаза на Проектот – ОУ „Никола Карев“, ОУ„Крсте Петков Мисирков“ и СУ „Коста
Сусинов“.
Настанот има за цел да им овозможи на младите ученици подобрување на културата на дијалог,
зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на
релевантни теми и интеграција во општеството.Настанот е дел од низата младински настани кои се
реализираа, во рамки на проектот, во различни општини во Република Македонија.
Повеќе информации: Општина Радовиш