Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци.
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање кое првично беше одложено поради лошите временски услови се презакажа и е планирано да се изврши на 27.06.2018 година (среда) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 28.06.2018 година (четврток) во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.