ДОМАТ: Господар на трпезата, чувар на здравјето!

Доматот е вкусен и лековит зеленчук. Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.

Доматите потекнуваат од Мексико и Централна Америка и биле култивирани уште од Астеките и Инките. Подоцна, доматите се пренесени во Шпанија, Португалија, Италија и Франција. Французите ги нарекуваат доматот „љубовно“ јаболко, а Германците „рајско“ јаболко.

Во почетокот доматот се користел како украсна билка и на него се гледало со сомнеж, бидејќи се мислело дека е отровен. Во втората половина на 19 век е откриена хранливоста на плодот и од тогаш се помасовно сè одгледува и користи во исхраната. Луѓето веднаш забележиле дека доматот допринесува за подобрување на здравјето, што довело и до испитување на неговиот хемиски состав.


Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.

Доматот е високовредна намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки.

Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак антиоксиданс од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од домат, отколку кога се консумира свеж домат. Се претпоставува дека при готвењето на доматот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира.

Доматот ја подобрува работата на цревата,. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди.

Исто така, поволно делува и на високиот крвен притисок, ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот. Доматот е природен лек и за сабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест.

pass: RadovisObrazovanie1#

About the author /


Related Articles

Временска прогноза