КАЈСИЈА: Златен плод на Сонцето!

Виталните стогодишници од пакистанската долина Хунза се добар пример на делувањето на природната медицина. Тајната на нивната долговечност се крие во едно овошје – кајсија. Здравствените користи на ова овошје се навистина импресивни!       

Кајсијата често ја нарекуваат „кралско овошје“. Долго време се сметало дека нејзина татковина е Ерменија. Подоцна е утврдено дека најпрвин се одгледувала во Кина, од каде Александар Македонски ја донел во овие подрачја. Во тој период кајсијата била позната како „Златен плод на Сонцето“.

Јадејќи ги оревите и сувите кајсии жителите на долината Хунза доживееле длабока старост. Маслото од коската на кајсијата кое некогаш се користело за готвење се помалку е во употреба, а помладите жители се повеќе се подложни на седење и неактивност.   Овошје за долговечност

Локалниот доктор Кваџа Кан, изјавил за британскиот Independent: ″Овие луѓе беа многу витални. Доколку би ги преживееле детските заболувања, би имале екстремно долг и продуктивен живот″.
Освен чистиот воздух и планинската клима влијанието на кајсијата и маслото од нивната коска често се поврзувал со долгиот и квалитетниот живот на жителите.
Здравствените предности на кајсијата се препознаени и на запад. Добри се против запекот, различите кожни проблеми, болки во мускулите, болки во увото …

Единение кое се добива од коската на кајсијата и на илјада други билки е амигдалин од кој се од едноставната екстракција добива и Леатрил или Б17. Околу ова се водеше голема расправа и се води теорија на завера. Иако е забранет од 1971. година во САД, Б17 и понатаму некои го нарекуваат вистински лек против ракот. До забраната дојде затоа што содржи опасни дози на цијанид. Овие тврдења некои стручњаци ги негираат тврдејќи дека на фармацевтската индустрија и е цел да ги исклучи од пазарот сите вистински, ефикасни и евтини лекови.

Здравствените придобивки од кајсијата:

– Тие се ниско калорични но се богати со витамини А, Б2, Б3 и Ц, како и со корисни природни шеќери.
– Содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје.
– Познатиот блиско источен доктор Avicena/Ibn Sina (980-1037) пишувал за големата лековитост на ова овошје.
– Сокот од кајсија е добар извор на калциум и железо и тоа е причината зошто се препорачува на бремените жени и на малите деца. Природниот 100 постотни сок (150милилитри) ги задоволува нашите дневни потреби за каротин.
– Сувите кајсии им (100-150 грама на ден) се препорачуваат на деца и на повозрасните луѓе како природен лек.
– Сувите кајсии се богати со калиум карбонат кој е потребен за луѓе кои патат од различни срцеви проблеми, посебно аритмија.
-Подобрените функции на мозокот поради високата содржина на магнезиум и фосфор. Овие елементи можат да помогнат во нормализацијата на крвниот притисок.
– Позитивно влијаат на нашите очи. Кајсиите содржат добри количини на витамин А па можат да го подобрат видот.
– Сокот може да ја намали киселоста во желудникот и да ги намали симптомите како што е надуеноста.
– Чајот од кајсија ги намалува болките поврзани со проблемите на пробавниот систем.
– Кајсијата е совршен диуретик.

За максимален ефект се препорачува 70 до 80 грама сок од кајсија 6-7 пати дневно.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза