МАЛИНИ: Oвошје полно со витамини!

Постојат над 200 различни видови на малини, но генерално се поделени според бојата во три поголеми групи.

Според една старогрчка легенда, малините најпрво биле бели, но кога нифата Ида сакала да набере за да го смири малиот Јупитер, случајно се боцнала и од крвта малините станале црвени.

Се смета дека малината важи за најценето овошје заради сокот од ова растеније. Родот стигнува во втората година по садењето да би во третата година дала полн род. Отпорна е према мразот. Техниката на одгледување не е комплицирана.

Освен слатко киселиот вкус кој освежува, малините нудат и многу здравствени придобивки. Во 120 грами малини, ќе добиете 54% од дневните потреби за витамин Ц, 41% од дневните потреби за манган, 32% од дневните потреби за диетални влакна и 12% од дневните потреби за витамин К.

Интересен факт: Неодамна една група на астрономи, барајќи ги основните градбени блокови на животот, како што пренесува Британски Гардијан, заклучиле дека центарот на Млечниот Пат најверојатно има вкус на малини. Во потрагата по аминокиселини наишле на етил формат, молекулата која им го дава вкусот на малините.

Малините изобилуваат со огромни дози на антиоксиданси и претставуваат одлични сојузници во борбата со слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Освен тоа содржат и фитонутрициенси како што е елагичната киселина која има против воспалително дејство. Всушност елагичната киелина делува така што спречува создавање на проинфламаторни ензими.

Уште еден фитонутрициенс е мета на истражувања бидејќи се поврзува со намалување на телесната тежина. Станува збор за кетоните од малина или реозмини. За овие молекули се смета дека ја зголемуваат ензимската активност, кислородната потрошувачка и температурата на телото, а воедно го подобруваат согорувањето на масните молекули. На тој начин се забрзува метаболизмот и доаѓа до ослободување од непосакуваниот вишок.

Освен плодовите, листовите од малина се познат народен лек против кашлица, болки во стомакот, менструални болки и тегоби во менопауза.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза