НАГРАДА ОД 300 000,00 ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТ ВО ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

Фонд за иновации на Македонија му додели награда од триста илјади денари на тим од ООУ „Крсте Петков Мисирков” од Радовиш за проектот „Економична инкубација на јајца од загрозени видови птици”.

Наградата и вредносниот ваучер се доделени на 09.06.2018 година на свеченост реализирана во зградата на Влада на Македонија од страна на Премиерот на Македонија  Зоран Заев, Директорот на фонд за иновации Јован Деспотовски и Министерот за образование Арбер Адеми.

Наградениот проект е реализиран под менторство на Блаже Ангелов професор по математика и физика и Зорка Христова Трајкова професор по биологија и хемија.

Ученици вклучени во проектот беа: Бранко Миленков, Васка Лазарова, Самира Асанова, Симона Долдурова, Трајче Трајков, Воислав Војовски и Ајше Дурмишева.

Во разговор со менторите дознавме дека проектот кој ќе продолжи со резализација во иднина треба да помогне во збогатувањето на образовниот процес и иницирање соработка на ООУ Крсте Петков Мисирков со националите паркови во Македонија, живинарски фарми и друѓи основни и средни училишта.

 

Овој проект треба да помогне во заштитата на загрозените видови птици кои постојат на територијата на Р. Македонија!

Проектот е награден во конкуренција на 98 училишни проекти од целата држава!

About the author /


Related Articles

Временска прогноза