НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Горивата од синоќа на полноќ поевтинија за 1,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,35, односно 2,27 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер бс-95 изнесува 72 денари за литар, еуросупер бс-98 ќе се продава за 74, еуродизел за 63,5, а екстра лесното масло за домаќинство за  52,5 денари за литар.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза