Пинг Понгарскиот Клуб ,,Радовиш” минатата недела го одигра „Бараж мечот“ за пласман во Првата Пингпонгарска Лига на Македонија каде нашите Пингпонгари како првопласирани од Втората Пингпонгарска Лига Југоисток ги одмерија силите со првопласираната екипа од Североисточниот дел на Македонија а тоа беше екипата на Пингпонгарскиот Клуб ,,Борец Тим” од Велес.
Нашиот клуб забележа убедлива победа со резултат од 4:0 притоа дозволувајќи му на противничкиот тим да освои само еден сет со што покажа дека е со повеќе класи над конкурентите од овие лиги на натпреварување.
За нашата екипа настапија : Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов.
Следната 2018/2019 сезона нашата екипа ќе се натпреварува во Првата Пингпонгарска Лига каде целта ќе биде пласман во Супер Лигата каде впрочем им е и местото на нашите пингпонгари.