РК РАДОВИШ СЕ ЗАСИЛИ СО МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ЦРНА ГОРА

Тимот на РК Радовиш полека го крои составот со кој ќе се натпреварува следната сезона во Суперлигата и ќе се обиде да отиде чекор напред, односно да се пласира во плеј-оф, во што не успеаја за влакно во минатата сезона.

Откако ги обезбеди потписите на Ивица Илиев и Божидар Симиќ, раководството на Радовиш го договори младинскиот репрезентативец на Црна Гора, 21-годишниот Лука Бујиќ, кој игра на позицијата кружен напаѓач и располага со одлични физички предиспозиции, 190 цм/100 кг.

Бујиќ доаѓа од екипата на Морнар Бар, а претходно го има носено дресот на екипата на Улцињ. Радовиш во меѓувреме остана без Мирко Мајиќ, па ќе мора да се засили со уште некој играч за да биде минимум на ланското ниво.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза