УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ СО СВОЈА КРЕАЦИЈА НА “TRASH FASHION”

По повод 5-ти јуни – “Светскиот ден за заштита на планетата Земја” по 7-ми пат, училиштето учествуваше на натпреварот “Trash Fashion” кој се одржа на 5-ти Јуни, 2018 (вторник) во МКЦ, Скопје.

Тимот на учениците од II-1клас (Верче Андонова, Благица Стојанова и Павлина Енчева) под менторство на проф. Катерина Сусинова (координатор на еко одборот) изработија фустан и модни додатоци од реупотребливи материјали (најлон, вреќа и капачиња) со наслов “Futuristic ‘cap’ cake” за да учествуваат на ревијалниот дел од овој натпревар, чија тема оваа година беше ‘Мода од иднината’.

Иако не освоија награда, учениците се здобија со многу позитивни искуства од учеството на овој натпревар кој пред се има една многу хумана цел и порака, а тоа е да се зачува планетата Земја преку реупотребување на отпадот.

Извор: СОУ „Коста Сусинов“ 

Related Articles

Временска прогноза