„СПЕЦИЈАЛНА ПОВЕЛБА“- Меѓународно признание од фестивалот „Про поет Инџија„ за нашиот Јовица Илиќ

На меѓународниот кинижевен фестивал „Про Поет Инџија 2018“ нашиот сограѓанин професор по филозофија, кантавтор и поет Јовица Илиќ се здоби со меѓународно признание „Специјална повелба“.

Фестивалот траеше од 1 до 5 ти јуни, со различни активности и содржини.  Овој меѓународен фестивал се одржува по втор пат а опфаќа автори и еминентни поети, книжевници од повеќе  земји и тоа Австрија, Албанија, Бугарија, Аустралија, САД, Украина, Романија, Турција, Словачка, Србија Црна Гора.

Јовица Илиќ како единствен претставник од Македонија на тамошната публика им се претстави со свои кантавторки композиции во изведба на гитара.

За студио Б од Белград во неговата изјава вели: „Среќен сум поради оваа награда, што ми дава за право да помислам дека некој го забележува она што го работам, цел живот сум посветен на филозофијата и музиката тие се моја животна определба и љубов.

Ние како автори и писатели ја имаме одговорноста да креираме убвина, зад сето тоа стои макотрпна работа но кога нешто се сака од срце се постигнува, нема да застанам овде бидејќи во скоро го очекувам моето ново издание книга поезија „Граници од земја“ и цд „Нестигнав да видам“ изразувам благодарност додиректорот на фестивалот г- дим Миодраг Јакшиќ како и до градоначалникот на општина Инџија г-дин Владимир Гаг“.

Инаку Јовица Илиќ е автор на сет изданието „Разоружана страст“ цд и „Легитимна опсесија“ книга поезија. Член е на друштвото на писателите на Македонија од 2015г. Учествувал на повеќе фестивали и настапувал во Загреб, Марибор, Руше, Белград. Заедно со друштвото на писателите на Македонија редовно настапува на поетските карвани изведувајќи свои композиции.

About the author /


Related Articles

Временска прогноза